Екипите од секторот Канализација, беа присутни во сите општини на градот зафатени од невремето, а во нивната акција беа расчистени следните критични точки: подвозникот кај Мавровка, булеварите „Илинден“.....

Во текот на вчерашниот ден, како резултат на невремето кое го зафати Скопје, а беше проследено со обилни врнежи од дожд и силен ветар, екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје излегоа на терен за расчистување на сливниците и шахтите на територија на град Скопје со цел нормална и непрекината функционалност на атмосферската канализација, информираат од јавното претпријатие.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје соопштуваат дека во моментот, атмосферските и канализационите линии на територија на град Скопје се чисти и максимално функционални.

-Екипите од секторот Канализација, беа присутни во сите општини на градот зафатени од невремето, а во нивната акција беа расчистени следните критични точки: подвозникот кај Мавровка, булеварите „Илинден“ и „Партизански одреди“, улицата „Јордан Мијалков“, критичните места во општина Карпош, улицата „Павел Шатев“, деловите кај Полициската станица – Битпазар, делот кај хотел Континентал и други, известуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Оттаму нагласуваат дека нивните екипи се подготвени за соодветна реакција, во согласност со временските услови, секогаш во служба на граѓаните на град Скопје.