САД заедно со 34 останати земји ја реафирмираа одлуката за отстранување на руските и белоруските спортски национални тела од меѓународните спортски федерации, јавија денеска од американскиот Стејт департмент.

Одлуката беше донесена на 8 март, две недели по инвазијата на Русија на Украина на 24 февруари 2022 година.

-Неиспровоцираната и неправедна војна на Русија против Украина, помогната од белоруската влада е флагрантно кршење на меѓународните обврски и човековите права, а мирните односи меѓу нациите ја формираат основата за меѓународниот спорт, се вели во соопштението.

Се додава дека министрите за спорт и други институции од 35 земји ја реафирмираат изјавата од 8 март дека руските и белоруските национални спортски владини тела треба да бидат исклучени од меѓународните спортски федерации.

Се истакнува дека доколку руски и белоруски спортисти учествуваат во наптревари, треба јасно да се истакне дека тие не ги претставуваат државите Русија и Белорусија.

-Индивидуалците тесно поврзани со државите Русија и Белорусија, вклучувајчи и владини службеници, треба да бидат отстранети од функциите каде се влијае на меѓународните спортски федерации, се вели во соопштението и се додава дека националните и меѓународните споретски организации треба да го откажат емитувањето спортски натпревари во Русија и Белорусија