Портпаролот на ОН Стефан Дужарик изјави дека 10 мировници на ОН загинале во Мали во првите шест месеци од 2022 година.

Оклопно возило на ОН денеска налета на мина во централниот дел на Мали, во чија експлозија загинаа двајца египетски мировници, а петмина беа тешко ранети во друг инцидент чија цел беше мисијата на ОН во западноафриканската земја која се соочува со исламски бунт.

Портпаролот на ОН Стефан Дужарик изјави дека 10 мировници на ОН загинале во Мали во првите шест месеци од 2022 година.

Во денешниот инцидент, рече тој, оклопно возило од логистички конвој на ОН налета на мина на пат од Тесалит, северноцентралниот град на оазата на Сахара, кон централниот град Гао.

Дужарик рече дека силите за брза интервенција на ОН се испратени на местото на настанот и дека оние што преживеале се евакуирани.

Мировната мисија на ОН остро го осуди нападот, кој според меѓународното право може да претставува воено злосторство.