На насловните страници на британските медиуми денеска доминира ликот на премиерот Борис Џонсон, кој по низата оставки одбива да се повлече од функцијата.

Медиумите му порачуваат на Џонсон дека е време да поднесе оставка.

„Дејли мејл” вчерашниот ден го опишува како „ден на избезумена драма” за Џонсон, со „снежна бура од оставки”.

„Дејли Телеграф” пишува дека Џонсон инсистира да се бори и покрај огромниот бунт.

„Гардијан” го нарекува Џонсон заблуден очајник, кој се држи до власта.

Додека „Тајмс” оценува дека Џонсон се бори за сопствениот живот.

„Дејли мирор” го преработи слоганот на конзервативците за Брегзит, и сега гласи „Само заврши го излезот”.

И „Метро” му порачува на Џонсон да „заврши излезот” бидејќи има „Пуч во кабинетот”.

„Сан” на насловната страница ја пренесува наводната порака на Џонсон до партиските бунтовници: „Ќе мора да ги потопите рацете во крв за да се ослободите од мене”.

„Последниот отпор на премиерот”, пишува „Дејли експрес”.

Додека за „Фајненшл тајмс”, Џонсон е потресен од револтот во Владата.