Според бирото за статистика, американската економија во јуни вработила 372.000 лица, многу повеќе од очекуваното, со што се намалува загриженоста од можна рецесија.
Стапката на невработеност во јуни била 3.6 отсто, исто како и во мај. Пораснале и платите, за 5.1 отсто.
Според експертите, ова е показател дека економијата го достигнала нивото на вработеност пред пандемијата.
Сепак, американската економја се соочува со други подводни камења. Најголемиот предизвик останува инфлацијата, потоа возрастата на вработените се зголемува, како и малиот број вработени имигранти поради законски бариери, со што многу луѓе остануваат на маргините.
Минатиот месец е забележан е раст на платите од 5.1 отсто.
Растежот на платите и вработувањата е позитивен сигнал за Администрацијата на претседателот Џо Бајден дека економијта сепак има помали шанси да оди во рецесија, и укажува на тоа дека незадоволството на широката популацијата од економските проблеми може да се намали пред изборите во ноември