Поранешниот ирански заменик министер за внатрешни работи Мустафа Таџадех е приведен под обвинение за „преземање дејствија против националната безбедност“, „дејствија против националната безбедност“ и „ширење лажни информации со цел да го наруши јавното мислење“.

Таџадех беше советник и на поранешниот ирански претседател Мохамад Катами, кој беше на функција од 1997 до 2005 година. Тој беше и претседателски кандидат, но во јуни 2021 година Советот на чувари на Уставот стави вето на неговото учество во претседателските избори.

Тој во својот говор на 25 април 2021 година изјави дека Револуционерната гарда се меша во политиката на земјата.

– Револуционерната гарда мора да се врати во касарните. Нема друг начин освен тоа. Револуционерната гарда со својот пристап ја уништува земјата, посочи тогаш Таџадех.