Околу 100.000 луѓе излегоа на протест пред претседателската резиденција во Шри Ланка со барање првиот човек на државата да поднесе оставка.
Извор од Министерството за одбрана соопшти дека демонстарнтите тргнале кон капијата по што полицијата морала да пука во воздух за да ги задржи додека претседателот не избега.
Демонстрантите бараат оставка поради лошото раководење на кризата, а снимките на социјалните мрежи покажуваат дека истите влегле во резиденцијата и дел од нив се бањаат во претседателскиот базен.