Над 100.000 граѓани излегоа низ улиците на главниот град на Шри Ланка за да го искажат незадоволството поради лошото соочување со економската криза.

Демонстрантите успеаа да ја преземат претседателската палата, а потоа и резиденцијата на премиерот, но тука не запреа со нивниот поход.

Бесните граѓани ја запалиле куќата на премиерот на Шри Ланка, а засега не е познато каде се наоѓа Ранил Викемесинге.