Лидерот на демократското мнозинство во американскиот Сенат, Чак Шумер, е позитивен на Ковид-19, соопшти синоќа неговиот портпарол.

Американскиот демократски сенатор кој е вакциниран со две бустер дози има полесни симптоми и ќе биде во изолација цела седмица, изјави неговиот портпарол Џастин Гудман.

„Тој високо ја цени заштитата од вакцината и ги охрабрува луѓето редовно да се тестираат, вакцинираат и да примат бустер дози”, додава Гудман.

Шумер се придодава на долгата листа водечки американски политичари заразени со коронавирусот, после потпретседателката Камила Харис, претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот Ненси Пелоси или шефот на Комисијата за справување со коронавирусот Ентони Фаучи.