Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас денеска ја покрена кандидатурата за премиерската фунција.

„На изборите ќе се борам како конзервативка и ќе владеам како конзервативка“, напиша таа во авторскиот текст објавен во лондонски „Телеграф“.

Трас е десеттата политичарка која ја објави кандидатурата за местото лидер на Конзервативната партија и иден премиер на Велика Британија.

Поранешната британска државна секретарка за одбрана Пени Мордаунт исто така соопшти дека се кандидира за местото претседател на Конзервативната партија.