Три лица загинаа, а 22 се ранети во денешниот ракетен напад врз североисточниот украински град Харков, соопшти локалниот гувернер.

Официјален претставник на Претседателството во Киев изјави дека е погодена станбена зона кога Русија истрелала проектили од повеќе ракетни фрлачи.

Претходно украинските медиуми јавија дека е погодена повеќекатница, а спасувачките екипи веднаш излегле на терен.

Новинската агенција Укринформ објави дека во градот се слушнале три експлозии.