Европската Комисија поднесе четири тужби против Велика Британија за наводно прекршување на договорот за Брегзит што влијае на увозот на стоки во Северна Ирска.
Комисијата соопшти дека била принудена да дејствува бидејќи Британија не се вклучила во „корисна дискусија“ за ова прашање од февруари. Брисел е вознемирен и поради Нацрт-протоколот за Северна Ирска, кој е на пат кон парламентот.
Британската влада сака парламентот да донесе закон со кој еднострано ќе се сменат некои делови од Брегзит поврзани со Северна Ирска, на што ЕУ се противи и посочува дека кршењето на меѓународниот договор е незаконско.
Случајот може да оди до Европскиот суд на правдата и доколку тој суд ја прогласи Британија виновна за прекршување на договорот, Лондон ќе мора да плати парична казна.