Во поплавите во јужниот дел на Иран загинаа најмалку 15 луѓе, а осум се водат како исчезнати, објави иранската новинска агенција ИРНА.

Обилните дождови предизвикаа поплави во неколку градови и села во провинцијата Фарс.

Локалниот кризен штаб соопшти дека во тек е потрага по исчезнатите луѓе во надојдените води.