Седумнаесет мигранти загинаа во бродска несреќа што се случи во близина на брегот на Бахамите.
Бахамските крајбрежни служби од водите на Атпантскиот Океан извлекле тела на 17 удавени лица, во несреќата што се случила кога пловен објект се превртил на единаесет километри оддалеченост од Њу Провиденс.
Премиерот на Бахамите, Филип Дејвис, во соопштение наведе дека жртвите 15 се жени, маж и едно дете. Спасените мигранти се хоспитализирани.
Првичната истрага покажала дека двомоторниот глисер ги напуштил Бахамите околу 1:00 часот по полноќ со дури 60 луѓе на бродот, веројатно упатувајќи се кон Мајами на Флорида.
Покрената е кривична постапка во врска со случајот, со обвинение за трговија со луѓе.