Индонезискиот претседател Џоко Видодо денеска отпатува за Кина на разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг, како дел од серијата посети на азиските земји-членки на групата Г-20.
Видодо, кој во ноември ќе биде домаќин на самитот Г-20 на индустријализираните земји во светот, утре ќе разговара со кинескиот претседател Си и премиерот Ли Кечијанг, а следниот ден ќе отпатува за Јапонија на средба со премиерот на земјата Фумија Кишида.
Ден потоа Видодо ќе ја посети Јужна Кореја на разговори со претседателот Јун Сук-Јул.
Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Индонезија се земји членки на Г-20.
Аналитичарите проценуваат дека кинескиот претседател Си, кој учествува на меѓународни состаноци преку видео врска од почетокот на пандемијата на коронавирусот, овојпат би можел лично да присуствува на самитот на Г-20.