Чешки пожарникари, со поддршка на своите колеги од соседна Германија, се борат да го локализираат пожарот во националниот парк Чешка-Швајцарија.
Во пожарот се уништени неколку куќи, а исто така е наредена евакуација на жителите од одредени села.
Пожарот, што зафати околу 30 хектари во популарна туристичка област долж границата со Германија, доведе до ширење на чад до главниот град Прага, 210 километри оддалечен од местото на пожарот.
Се претпоставува дека пожарот е предизвикан од посетител на национален парк Чешка-Швајцарија кога минатиот викенд оставил запален оган во кампот.
Огнот бил ставен под контрола, но ветерот повторно го разгорел.