Економскиот раст на Обединетото Кралство дополнително се забавува поради неконтролираната инфлација и се очекува да биде најслабата економија меѓу земјите од Г7 следната година, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Ова се случува во момент кога ММФ предупредув а дека застојот на растот низ светот значи дека би можеле да бидеме „на работ на глобална рецесија“, пренесува ДПА.
Во своето последно ажурирање на Светската економска перспектива, телото ја намали прогнозата за раст на Обединетото Кралство за 2022 година на 3,2 отсто, од 3,7 отсто во април, додека на почетокот на годината беше прогнозиран раст од 4,7 проценти.
Изгледите за Обединетото Кралство се очекува да станат уште помрачни во 2023 година, при што ММФ ја намали прогнозата за следната година на 0,5 отсто раст од претходната проценка од 1,2 отсто.
Во 2023 година, се предвидува дека Велика Британија ќе има најслаб раст од најголемите светски економии, со исклучок на Русија.