Поранешниот претседател на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса, се очекува да се врати во земјата, изјави денеска официјален претставник на Шри Ланка.

Владиниот портпарол Бандула Гунавардена изјави дека Раџапакса не се крие, без да посочи кога тој би можел да се врати во татковината.

По масовните демонстрации во земјата поради длабоката економска криза поранешниот претседател избега од Шри Ланка за Малдивите, од каде отпатува за Сингапур.

Тој поднесе оставка веднаш по неговото заминување, што беше официјално прифатено од Владата на Шри Ланка на 15 јули. Раџапакса веќе нема претседателски имунитет.