Тензиите околу Тајван и војната во Украина најверојатно ќе бидат теми на телефонскиот разговор меѓу претседателите на САД и Кина, Џозеф Бајден и Си Џинпинг, што се очекува оваа недела, соопшти Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека економското ривалство на двете земји најверојатно ќе биде меѓу темите на разговор. Бајден во понеделникот најави дека ќе разговара со кинескиот лидер во текот на неделава.

„Ова е разговор кој е одамна задоцнет и веќе има сериозен број работи за кои двајцата лидери ќе разговараат“, рече Кирби.

Тоа ќе биде петти телефонски разговор меѓу Си и Бајден.