Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон денеска допатува во Киев.

– Во Киев сум за да ја изразам политичката и практична поддршка на Словенија за Украина и нејзиниот храбар народ, напиша Фајон на Твитер.

Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека Фајон ќе достави помош од Словенија за Украина, а исто така ќе се информира и за каков вид помош и е потребна на Украина во иднина.

Предвидено е Фајон денеска да се сретне со украинскиот колега Дмитро Кулеба.