Државниот секретар Ентони Блинкен соопшти дека САД пред неколку седмици упатиле „значаен предлог“ до Москва за размена на Вилан и Гринер, кои според Вашингтон се „незаконски притворени“ во Русија.

По неколкумесечна внатрешна дебата, Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден понудил размена на Виктор Бут, осуден руски трговец со оружје кој отслужува 25-годишна затворска казна во САД, за американската кошаркарка Бритни Гринер и маринецот Пол Вилан кои се затворени во Русија, jави „Си-Ен-Ен“.

Државниот секретар Ентони Блинкен соопшти дека САД пред неколку седмици упатиле „значаен предлог“ до Москва за размена на Вилан и Гринер, кои според Вашингтон се „незаконски притворени“ во Русија.

Блинкен на прес-конференција во Стејт Департментот појасни дека претседателот Бајден е „директно вклучен“, како и оти го потпишал предлогот за размена.

Поддршката на Бајден за размена е посилна од спротивставувањата на Министерството за правда што генерално е против трговијата со затвореници.