Пожарникарите успеаја делумно да го локализираат шумскиот пожар во американската сојузна држава Тексас што зафати околу 30 квадратни километри и уништи 16 куќи.

Противпожарните служби соопштија дека само дел од пожарот е изгаснат, но доволно за да се спречи неговото ширење.

Нема информации дали има повредени.

Големата суша, високите температури и ветерот одат во прилог на појавата шумски пожари во Тексас.

Пожарникарите се борат со шумски пожар и во Калифорнија.