Сириски брод под американски санкции се закотви во Триполи со јачмен и пченица кои, според украинската амбасада во Бејрут, руските сили ги украле од украински складишта. Бродот Laodicea се закотвил во Триполи во средата, според податоците на порталот MarineTraffic.

„Бродот пристигна од пристаништето на Крим, кое е затворено за меѓународен сообраќај, превезувајќи 5.000 тони јачмен и 5.000 тони брашно, за кои се сомневаме дека се одземени од украинските складишта”, изјавија од украинската амбасада во Бејрут.

„Тоа е првпат пратка со украдено жито и брашно да пристигне во Либан”, се додава во соопштението.

Либан не дозволи да се истовари сирискиот брод што, под американските санкции, се закотви во северното пристаниште Триполи оваа недела поради сомневање дека превезува украдена стока, изјави либански царински службеник.