Полицијата на Северна Австралија трага по напаѓачот кој на фарма во Боги со огнено оружје уби три лица, а еден човек е повреден.

– Тешко повредениот човек патуваше многу, многу километри за да ги предупреди властите. Кога разговараше со нас, беше во состојба на шок. Се здоби со прострелна рана во пределот на стомакот и беше пренесен во Градската болница Мекеј на итна операција, соопшти полицијата.

Полицијата истакна дека сè уште трага по напаѓачот или напаѓачите.

Во Боги, околу 1200 километри северно од Бризбејн живеат околу 200 луѓе.

Австралија има некои од најстрогите закони за оружје во светот, воведени откако вооружен маж уби 35 луѓе во Порт Артур во 1996 година.