Сите преостанати споменици во Естонија кои датираат од советската ера наскоро ќе бидат демонтирани или преместени, изјави Каја Калас, премиерката на малата балтичка земја што граничи со Русија.

– Главната работа е решена – советските споменици мора да се отстранат од јавниот простор, а ние ќе го направиме тоа што е можно поскоро, рече Калас, пренесува ДПА.

Кога и по кој редослед ќе бидат отстранети поединечните споменици зависи од волјата и логистичкото планирање на дел од градовите и општините, додаде таа. Според Калас, во Естонија се уште има меѓу 200 и 400 споменици од советската ера.