Поради дефект на приклучна цевка на улица 28/43 Радишани, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Радишани, Љуботенски и Раштански Пат.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:45 часот.

ЈП Водовод и канализација соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата на дефектот.