Повеќе од 10,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија врз земјата на 24 февруари.
Тоа се последните податоци што Агенцијата за бегалци на ОН ги објави денеска на својата веб-страница.
Војната во Украина предизвика огромен бегалски бран, а милиони луѓе спас побараа во други европски држави, најголем број во соседна Полска.