Гувернерот на украинската област Дњепропетровск, Валентин Резниченко изјави дека за време на изминатата ноќ во руското гранатирање на Никопољ и Марханец, убиени се 13 цивили.
Тој денеска наведе дека во нападот повредени се 11 лица, меѓу кои петмина се со тешки повреди.
Како што тој појасни, во болницата во Марханец починаа две лица и покрај напорите на лекарите да ги спасат.
Според Резниченко, Марханец е најтешко погоден.
Во градот се оштетени 20 повеќекатни згради, вклучувајќи училишта, студентски дом и културен центар.