Обилните дождови предизвикаа големи поплави во Истанбул, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер.

Најлоша е ситуацијата во истанбулското предградие Силиври, каде многу улици и булевари се целосно под вода. Поплавени се канцеларии и приземјето на објектите. Голем број автомобили останаа заглавени.

Поради поројните врнежи, сообраќајот во Силиври беше сериозно отежнат.

Продолжуваат напорите на екипите за одводнување на општината.

Метеоролозите предупредуваат дека денеска и утре ќе продолжат обилните врнежи во Истанбул.