Експлозија се случи во трговскиот центар „Сурмалу“ во Ереван, соопшти ерменското Министерство за вонредни ситуации.

Според првичните информации на Министерството, најмалку едно лице загина, а над 20 се повредени.

Локалните медиуми пишуваат дека се стравува дека голем број луѓе се затрупани по силната експлозија и дека бројот на настрадани само ќе се зголемува.