Поради дефект, без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците: „Марко Крале“, „Галичник“, „Мостарска“, „Коле Канински“ и „Пребондова“ во скопската населба Бутел.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санација на дефектот.

Без вода денеска ќе бидат и корисниците од улица „20/бб“ – Сарај, како и од Грчец, Глумово, Шишево и Матка.

Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на огрлица на улица „20/бб“- Сарај.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:20 часот до санација на дефектот.