Кенискиот опозиционер Раила Одинга денеска изјави дека ќе ги оспори официјалните резултати од претседателските избори со сите „правни опции”.
Тоа би го продолжил изборниот процес за уште неколку недели, а постои опција Врховниот суд да нареди одржување на нови избори.
Изборната комисија на Кенија вчера го прогласи Вилијам Руто за нов претседател на земјата. Според нивните податоци, Руто освоил 50,5 отсто од гласовите.
При прогласувањето на победник на изборите имаше зголемени тензии бидејќи некои членови на Комисијата ја напушти седницата поради, како што наведоа, постоење на неправилности. Приврзаниците на Одинга се судрија со друг дел од Комисијата.
Претседателските избори во Кенија се одржаа на 9 август и беа најмирни досега, а резултатот беше близок и до последен момент беше неизвесно дали во таа земја првпат во историјата ќе се одржи вториот круг од изборите.
Досега, Руто беше заменик на претседателот во заминување Ухуру Кенијата, син на првиот претседател на Кенија, кој сепак го поддржуваше долгогодишниот ривал Одинга.
Ова е петта кандидатура на Одинга (77) за функцијата шеф на државата.