Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави денеска во Одеса дека останува уште многу да се направи за да се обезбеди глобален пристап до украинските прехранбени производи и руската храна и ѓубрива, откако беше постигнат договор за извоз на храна со посредство на Турција и ОН.

Тој повика на непречен пристап до руската храна и ѓубриво кои не се предмет на санкции на светските пазари, пренесува Ројтерс.

„Ова е договор меѓу две страни постигнат во жесток конфликт. Тој е без преседан и по обем и по број, но претстои да изодиме уште долг пат на многу фронтови, рече Гутереш.