Македонската кадетска машка кошаркарска репрезентација со пораз го заокружи настапот на Европското првенство на домашен терен во Скопје, откако попладнево загуби од Полска со 71-68.

Во неизвесен натпревар македонските кошаркарски кадети го претрпеа петтиот пораз во седмиот натпревар и на крајот го освоија 12. место, кое, сепак, им донесе опстанок во А дивизијата.

Лазарев со 13 поени беше најефикасен во „црвено – жолтиот‘ дрес, додека Зетов и Величковски уфрлија по 11 кошеви, а двоцифрен беше и Луканоски со 10 поени