Mакедонскиот ликовен уметник и стрип мајстор Златко Крстевски е добитник на третата награда на годинашниов Фестивал на хумор, култура и забава што се одржува во Ивањица, Србија.

Ликовните дела на Фестивалот се инспирирани од писателот Бранислав Нушиќ и ќе бидат изложени на манифестацијата од 25 до 28 август. Делата се тематски работени под мотото според нушичевиот цитат „Мојот хумор предизвикува насмевка на усните, ублажувајќи ја суровоста на животот“.

Поканетите уметници да учествуваат на Фестивалот, меѓу кои и македонскиот уметник Крстевски, испраќаа дела лично за да бидат дел од Манифестацијата.