Стручниот штаб на репрезентацијата на Шпанија се одлучи за составот со кој ќе настапи на Европското првенство.

Селекторот Скариоло во последен момент од репрезентација ги изостави Хуан Нуњез и Фран Гера.

Боите на шпанската репрезентација ќе ги бранат: Дарио Бризуела, Лоренцо Браун, Алберто Дијаз, Руди Фернандез, Хамес Фернандез, Усман Гаруба, Гилермо Ернангомез, Хуан Ернангомез, Хабиер Лопез-Аростеги, Џоел Пара, Хамес Прадиља и Себас Саис.

Шпанија под водство на Серхио Скариоло ќе го започне Евробаскетот против Бугарија.

Европското првенство ќе се игра од 1 до 18 септември во Грузија, Германија, Италија Чешка.