Општина Гази Баба по повод 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија организира голем музички настан. Настанот ќе се оддржи на 07.09.2022 година со почеток од 20:00 часот на плоштадот во Автокоманда. На настанот ќе настапат: Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски.
Утрово на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Бобан Стефковски објави покана до сите граѓани од Гази Баба, Скопје и цела Македонија. Во својата објава градоначалникот Стефковски пишува:
Минато, сегашност и иднина тоа е нашата Македонија! Ги повикувам сите жители на општина Гази Баба, Скопје и цела Македонија на сенароден собир во чест на независноста на Македонија! Честа да бидам покровител на еден ваков настан за мене е голема, но уште поголема е одговорноста бидејќи Македонија ја слави независноста. Овој голем настан ќе прерасне во една традиција која и доликува на Гази Баба. 07.09.2022 година (среда) 20:00 часот Плоштад Автокоманда За нашата Македонија! - напиша Стефковски.