Културната програма во битолскиот Офицерски дом продолжува со музички перформанс на уметниците Стефанија и Владимир, чиј концерт е закажан за вечер од 20 часот.
Според културниот календар на КИЦ-Битола, во Офицерскиот дом во среда ќе биде отворена изложба на македонски и италијански уметници, насловена како „Mirror Face to Face“ за што поддршка е обезбедена од Министерството за култура, а програмата за оваа седмца ќе биде заокружена со концерт на „Трио џентлмен“ кој ќе се одржи во четврток.