Превирања во Град Скопје по разрешувањето на директорот на сопското јавно претпријате Водовод и канализација, Златко Перински, како и секретарот на градот, Ѓоко Велковски. На прес-конференцијата на Перински ненајдено се појави градоначалничката Арсовска. Причина за раздорот е проектот за пречистителна станица на Водовод со европски средства во вредност од околу 136 милиони евра. Перински тврди дека комисиите што го водат процесот работат доверливо и ниту тој ниту таа не можеле да имаат увид во постапката. Арсовска пак обвини дека процесот не бил транспарентен и побарала смена на членовите на комисиите.
Како што истакна Арсовска, спорно било што кога таа побарала промена на дел од членовите на комисија кои биле дел од проектот за пречистителна станица, Перински не постапил, ниту, пак, во некој момент официјално го известил Градот за текот на тендерската постапка, иако токму Градот е претпоставен на јавното претпријатие и мора да добие официјална информација за одвивањето на проектот.
За таквото постапување на Перински, Арсовска најави одговорност, притоа не давајќи одговор за што точно го обвинува разрешениот директор, туку порачувајќи дека тоа ќе го одлучат и утврдат надлежните институции.
Таквите обвинувања, Перински ги отфрли и ги нарече паушални и објасни дека дека во фазата во која се наоѓал проектот кога Арсовска побарала промена во комисијата, тоа не можело да биде направено, но и дека во сите извештаи на европските банки кои го финансираат проектот дотогашната работа на проектот била оценета позитивно.
На новинарско прашање пак како Арсовска знаела или имала сомнеж дека постои наводен криминал а во исто време се пожали дека не била информирана за активностите на ЈП Водовод во врска со овој проект именувајќи го тоа како „Град Скопје е држен во темница“ не даде конкретен одговор а во текот на прес-конференцијата градоначалниќката нагласи дека за такво нешто се шпекулирало во „кулоарите“.