Народниот театар од Ниш, Република Србија, синоќа во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во рамки на 19. ИФАД „Стоби 2022“ ја изведе претстставата „Еден Едип“, по авторски текст на А. Н. Роса, во режија на Југ Ѓорѓевиќ.

Изведбата беше наградена со долг и силен аплауз од публиката.

Последен наслов во официјалната селекција на фестивалот е „Пандорината кутија: наследството на ќерката“ од Ришард Ниечим и „Медиа Артес“, која ќе биде изведена утревечер.

Во чест на лауреатите, во сабота, на 1 октомври, настап ќе има Националната опера и балет, со изведбата на современата балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Музиката е на Калиопи, кореографијата на Олга Панго, а либретото на Сашо Димоски.

Сите претстави се во конкуренција за една од наградите – Гран при за најдобра претстава, награда за најдобра женска и машка улога и најдобра режија.