Во позната париска книжара „Прозорец на писателите“ (Lucarne des ecrivains) синоќа беше промовирана поетската книга „Франчускиот син – Сонот на Фанон“ од Константин Плевнеш издадена од издавачката куќа Мерл Мокер, јави дописникот на МИА.
Пред бројната публика на личности од книжевниот и интелектуалниот свет книгата ја престави францускиот поет со интернационално реноме Францис Комб, кој истакна дека Константин Плевнеш гради една исклучително силна поетска биографија на еден од најголемитите револуционери во светската историја Франк Фанон (1925-1961), кој иако умира на само 36 години во Бетесда, во Вашингтон неговото дело останува како духовен споменик на идеалистичкиот сајт од локалитетот.
Пророштвото на Жан Пол Сартр дека Фанон ќе живее и по својата смрт, како симбол на слободата на сите сонувачи од меридијаните дека утре ќе живеат во подобар свет се оствари како идеја, но не како стварност. Стварноста е жестока, но поезијата и уметноста се бесмртни.
Катастрофата на светот во кој денес живееме, рече Комб во книгата на Константин Плевнеш се претвора во поезија-крик, која покажува дека ништо не ноже да ја уништи духовната светлина на хуманизмот за кој Фанон сонува со жестоката критика на тие што тогаш и денес владеат со светот и човештвото.
Пред публиката која пројави голем интерес за ова дело поетот Константин Плевнеш прочита неколку песни кои се наградени со долги аплаузи истакнувајќи дека веќе 7 години од својот творечки живот ги посветува на овој „ангел на никогаш незавршената светска револуција“.