Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечер премиерно ќе биде прикажан филмот „Каде си Адаме“ на укранскиот продуцент, ѓаконот Александар Плиска, а во режија на Александар Запорошченко.
Филмот, како што појасни денеска на прес-конференција продуцентот Алксандар Плиска, го прикажува животот на монасите на Света Гора. Воодушевен од, како што рече, благословениот Охрид, појасни дека филмот зборува за односите меѓу луѓето.
– Ги кине сите шаблони што луѓето ги создале. Зборува за многуте работи кои се блиску на секого, за тоа што доживува секој човек, за љубовта, доживувањата, тагата, среќата… Луѓето всушност го гледаат животот на монасите. Актерите на сцените се Грци, но гледачот после 20-30 минути не мисли ни за Грци ни за никого. Тој почнува да размислува за градот во кој живее, за својот живот, својата сопруга, родители и за секого почнува свое сиже и свое сценарио, истакна Плиска.
Филмот, додаде, остава силни впечатоци кај публиката, поттикнувајќи ги основните прашања кај човекот.
– Гледачите кога излегуваат на улица после гледањето на филмот, размислуваат за својата перспектива и имаат свој поглед на животот, каде се наоѓам, каде живеам и какви се моите односи со околината, истакна продуцентот.
Од гледачите вели дека не бараат ништо бидејќи човекот секојдневно е уморен од тоа што некој го учи, постојано нешто му се кажува или предлага.
– Ние учиме да навелгуваме во душата на човекот да видиме што има и со тоа создаваме малку движење. За да може човекот да се смени, треба да го слуша Господ и затоа што ние предлагаме во оваа галама тој неможе да не слушне нас, рече Плиска.
Интересот за филмот, кој прв пат се прикажува во државата, според Летка Филипова организатор за филмот да дојде во Охрид, бил голем и картите биле распродадени.
– Очигледно на охриѓани, но и во другите градови им недостасуваат вакви филмови од духовен карактер. Многу сме среќни за тоа, се надевам дека и понатаму ќе продолжиме да соработуваме и со благослов да бараме духовни филмви, рече Филипова.