Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го посети Центарот за лица со даунов синдром во Скопје, кој има капацитет за 24 лица, а моментално во него се сместени 17 корисници од три до 26 годишна возраст, информираат од МТСП.

Во просториите на Центарот поставена е опрема за подобрување на физичката состојба на лицата, односно справи за трчање, пинг-понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема, како и соби за одмор.

– Тренчевска за време на својата посета разговараше со присутните за нивниот секојдневен живот, нивните активности, како и за стручната работа од страна на кадрите вработени во центарот. Министерката имаше прилика да изработи новогодишни честитки заедно со корисниците и да ги проследи изведбите на нивните омилени песни, известуваат од МТСП. За време на средбата еден од корисниците ја информирал министерката дека е студент и моментално е четврта година и дека е во исчекување на моментите за изработка на неговата дипломска работа.

– На крај министерката им додели новогодишни пакетчиња, кои се дел од заедничката соработка со „Филип Морис Македонија“, соопштуваат од МТСП.