Претседателот на Бугарскиот антарктички институт и шеф на бугарските поларни експедиции проф. Христо Пимпирев денеска ја отвори изложбата на фотографии „Од „куцото куче“ до научноистражувачкиот брод „Св. Кирил и Методиј“, по повод одбележувањето на пролетната пленарна сесија на Европскиот поларен одбор.
Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Изложбата беше отворена во централното предворје на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“.
Отворањето на изложбата на фотографии е поврзано седницата на пролетната сесија на Европскиот поларен одбор во Софија, изјави за БТА проф. Христо Пимпирев. Тој објасни дека изложбата на фотографии го прикажува развојот на бугарската поларна програма - од првите две мали куќички - контејнери, кои беа поставени во 1988 година на Антарктикот, до денес - до пловењето на бугарскиот научно-истражувачки брод „Св. Кирил и Методиј“ на островот Лиингстон. „Куцото куче“ е контејнер, куќа приспособена во неа да живеат двајца. Меѓутоа, сега е музеј и е дел од културно-историското наследство на целиот континент. Познато е под името „Куцото куче“ и во меѓународни размери“, истакна проф. Пимпирев.
„Оваа година на бугарската антарктичка база „Св. Климент Охридски“ ја почна изградбата на новата лабораторија која се очекува следната година да биде „затворена“ за да ги издржи невремето и виулиците во зима. Ако ја оставиме лабораторијата недовршена, таа ќе биде уништена од суровото време на Антарктикот“, објасни шефот на бугарските поларни експедиции.
Пимпирев зборуваше за БТА и Европскиот поларен одбор, кој ги координира активностите на земјите од Европската унија (ЕУ) во поларните региони - на Арктикот и Антарктикот. „Бугарија е постојан член на Европскиот поларен одбор веќе 20 години. Европскиот поларен одбор е важна структура која е дел од Европската комисија и ги координира научните поларни програми на земјите од ЕУ. Целта е да се има координација помеѓу научните проекти за да не се дуплираат. Европскиот поларен одбор се занимава и со тоа какви се перспективите за развој на поларните истражувања во ЕУ, бидејќи поларниот регион е еден од најважните во моментов за идниот развој - на науката, но и на економијата. рече проф.Христо Пимпирев.
Тој соопшти дека сега Европскиот поларен одбор расправа за научноистражувачката програма за следните пет години - на кои теми да се работи во поларните истражувања. Меѓу нив се и темите за проучување на климата и океаните.
„Сега е првата година од нашиот истражувачки брод Св. Кирил и Методиј, кој отплови до Антарктикот и сега се враќа. Отворени сме за соработка со такви нации кои имаат големо искуство во истражување на океаните и особено на Јужниот Океан каде што е Антарктикот. Не сите земји вклучени во Антарктикот и поларното истражување на Антарктикот имаат бродови. Но, повеќето од земјите вклучени во поларните научни истражувања имаат бродови. Бугарскиот научно-истражувачки брод „Свети Кирил и Методиј“ се очекува да се врати во нашата земја на почетокот на мај“, изјави за БТА проф. Христо Пимпирев.