Во Министерството за транспорт и врски денеска се одржа средба на македонско-германска Мешовита комисија за транспорт составена од претставници од надлежните министерства, на која е потпишан Протокол во кој е предвидено зголемување на контингентот на дозволи со што ќе се придонесе за унапредување и продлабочување на стопанската соработка помеѓу двете земји.

На средбата, како што соопштија од Министерството за транспорт и врски, претставниците на Комисијата се согласиле за поголема соработка помеѓу Македонија и Германија, со цел развој на товарниот транспорт.

- Зголемување на контингентот на дозволи за превоз во товарниот транспорт се однесува за следните категории: билатерала, транзит и за и од трети земји. Ова е уште една потврда на добрите политиките на Министерството за транспорт и врски преку кои македонските транспортери добиваат поголема можност за соработка со своите германски партнери во меѓународниот патен превоз, стои во соопштението.