За еден месец, односно до 31 мај се продолжува рокот на траење на Одлуката за определување на највисоки цени на овошје и зеленчук во трговијата на големо и трговијата на мало. Предлогот е на Министерството за економија, а одлуката ја донесе Владата на денешната седница.
- Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените во трговијата на мало, а состојбата на пазарот укажува дека цените се уште не се стабилизирани, се наметна потребата да се предложи измена на Одлуката, со која рокот на примената се продолжува до 31 мај 2023 година, соопшти Министерството за економија.
Со Одлуката, се продолжува примената на веќе утврдени највисоки трговски цени, од 30 април 2023 година, до 31 мај 2023 година, на одреден дел од овошјето и на зеленчукот и тоа во висина:
- до 95 денари за килограм свежи домати,
- до 95 денари за килограм свежи краставици,
- до 70 денари за килограм кромид,
- до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки,
- до 95 денари за килограм грав,
- до 110 денари за килограм леќа,
- до 75 денари за килограм банани,
- до 60 денари за килограм портокали,
- до 65 денари за килограм мандарини и
- до 60 денари за килограм лимони.