Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува и во Општина Битола и ќе се реализира во 12 основни училишта.
Битолските ученици ќе учествуваат во работилници против врсничко насилство, соопштија градоначалникот Тони Коњановски и членката на управниот одбор и директорка во компанијата „Макпетрол“, Марија Јосифовска-Спасовска.
- Приклучувањето на општините, како што сега тоа го прави и Битола, за нас е еден од најзначајните показатели дека вредностите на кампањата се препознаени од различните чинители и сегменти во општеството. Случаите со врсничко насилство се честа појава. Веројатно сите ние, на извесен начин, за тоа сме потполно свесни. Нашиот пристап ги следи искуствата од земјите кои што подобро се справуваат со врсничкото насилство. Во таа смисла, сите што се дел од вакви случаи, без разлика на улогата, многу веројатно ќе сносат долгорочни последици и затоа на сите нив треба да им се обезбеди поддршка, истакна Јосифовска-Спасовска.
Кампањата ќе се реализира во битолските основни училишта „Гоце Делчев“, „Даме Груев“, „Ѓорѓи Сугарев“, „Коле Канински“, „Крсте Петков Мисирков“, „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Климент Охридски“, „Стив Наумов“, „Александар Турунџиев“, „Д-р Трифун Пановски“ и „Тодор Ангелевски“ каде ќе се одржат работилници за булинг.