Oдделението за управни работи Куманово, од почетокот на годинава до вчера, издало над 10.500 пасоши, над 9.000 лични карти и над 4.000 возачки дозволи, информираа денеска од СВР Куманово.
- Од почетокот на 2024 година до вчера, биле издадени 10. 596 патни исправи, 9. 607 лични карти, 4. 068 возачки дозволи, а дневно службите можат да процесираат околу 700 барања, велат од СВР Куманово.
Одделението за управни работи Куманово работи во две смени од 07:30 до 19:30 часот.