Во СВР Скопје било пријавено дека на 18.03.2024 околу 14.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, Б.Л.(27) од Скопје физички ја нападнал својата 52-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје, 47-годишна жена пријавила дека во семејниот дом во скопско, нејзиниот сопруг А.Е. физички го нападнал нивниот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.03.2024 во населбата Хиподром била физички нападната од својот партнер А.Ј.(43) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Е.А.(52) од Скопје. Според пријавеното, околу 19.30 часот тој бил пронајден во домот од неговиот брат М.А.(53). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Р.(51) од струмичко село затоа што се заканувал на неговите сопруга и ќерка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Полициската станица Гостивар, 32-годишен маж од село од општина Маврово и Ростуше пријавил дека во гостиварско село бил физички нападнат од С.Р., сестра на неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.