На автопатот Тетово – Гостивар, на клучка за с.Жеровјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(30) од с.Теново, тетовско. тој се сомничи дека околу 21.10 часот во Тетово со употреба на сила ја внел А.Е.(22) од Тетово во своето возило и физички ја нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.